| четврток, 6 декември 2018 |

Храна што го продолжува животот

Секојдневното конзумирање одредени здрави намирници може во голем степен да ви помогне да си го направите животот поквалитетен и подолг.

Во секој случај, витамините и минералите што ги содржат овие намирници ќе ви го подмладат организмот.

1. Брокула. Кога непроспиената ноќ оставила траги на вашето расположение или лицето, посегнете по зелена порција витамини. Една порција варена брокула содржи над две третини од препорачаната доза на витамин Ц, силен антиоксиданс, кој го штити имунолошкиот систем. Кралицата на зеленчукот содржи сулфорафан, кој служи за детоксикација на организмот и флавоноидот каемпферол, кој има антивоспалителни својства.

2. Какао – содржи голема количина флаванол, што ги удвојува ангиогеничните клетки во крвта. Овие клетки ги обновуваат крвните садови и ја одржуваат нивната функција.

3. Портокал – содржи висок процент на витамин Ц што ги забрзува метаболичките процеси и помага на виталноста на организмот. Силен антиоксиданс што го намалува стареењето, болестите и различните воспаленија и го зголемува производството на колаген, правејќи го вашиот изглед помлад и поздрав, затоа конзумирајте ја оваа сочна намирница секојдневно.

4. Конзумирајте риба барем два пати неделно – бидејќи голема количина од дури 20 отсто и омега 3 масни киселини кои позитивно влијаат на нивото на холестерол во крвта се одлична превенција за срцеви болести и крвни садови. Рибата е богата со витамини и минерали.

5. Ленено семе – содржи десетина хранливи материи. Изоболува со омега-3 и омега-6 масни киселини, витамин Б1, Б2 и витамин Ц, железо и цинк.

6. Спанаќ – спанаќот содржи 15-тина различни флавоноидни соединенија кои функционираат како антиоксиданси, успешни во борбата против ракот. Во една чаша спанаќ се наоѓа двојно повеќе витамин К од препорачаната дневна доза, а кој е важен за здравјето за коските.

7. Сладок компир – батат – поради големата количина витамини и минерали треба да стане задолжителна намирница во вашата кујна. Овој сладок компир изобилува со витамин Б, Ц и Е, калиум и фолна киселина и е одличен извор на енергија за нашето тело.

8. Мешункаст зеленчук – е богат со антиоксиданси, феноли и флавоноиди. Гравот, грашокот и леќата се битен фактор во борбата против ракот на дојка. Ја намалуваат количината на холестерол во крвта и ги собираат токсините во системот за варење.

9. Пилешко – добар извор на витамин Б комплекс, кој му помага на метаболизмот во добивањето енергија. Содржи нијацин кој помага на претворање на телесните протеини, масти и јаглехидрати во искористлива енергија. Добар извор е на селен, кој е значаен за хормоналниот метаболизам и имунолошките функции кои го забавуваат стареењето.

10. Зелен чај – содржи шест основни полифеноли кои го намалуваат ризикот од болести на кардиоваскуларниот систем и го забрзуваат метаболизмот. Помага кај дијабатесот и го намалува стресот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top