| четврток, 6 декември 2018 |

Позната актерка казнета поради вечерата со Путин- не ни сонувала дека поради тоа ќе биде условно осудена

Ѕвездата на италијанската конематографија Орнела Мути добила пресуда да плати казна од 500 евра, со условна казна затвор од половина година, поради лажна болничка потврда, врз основа на која откажала претстава во Италија и отпатувала во Русија на добротворна вечера со Владимир Путин.

Весникот Газетино пренесува, повикувајќи се на одлуката на Касациониот суд во Трст дека Мути во декември 2010 година доставила лажен документ за болест во еден театар, каде требало да настапи. Актерката тогаш отпатувала во Санкт Петербург, каде учествувала на добротворна вечера со рускиот лидер и холивудскиот актер, Кевин Костнер.

Касационот суд ја ублажил првобитната казна на судот од 2015 година, намалувајќи ја и паричната казна и условната казна затвот и заменувајќи го обвинувањето за измама со обвинување за обид на фалсификување.

Орнела на 10 декември 2010 година, требало да настапи во локален театар, но побарала претстава да се одложи заради нејзиниот ларингит.

Неколку дена подоцна во медиумите се појавила фотографија и информација дека истата веччер актерката учествувала на добротворна вечера во Санкт Петерсбург. Администарцијата на театарот Верди веднаш поднела тужаба против актерката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top