Сите ние сме за добрососедски односи, ама не по секоја цена. Што значи тоа да се менуваат сите учебници? Да станеме Бугарија? Или ова за Илинден, што значи тоа? Илинден е срцето на Македонија! Значи сите собитија врзани за Македонија, се собрани во тој ден, вели академик Манџуков, во вчерашното гостување во емисијата „Ѕид“ на ТВ Алфа.
Преку Илинденското востание, преку отпорот, преку прогласувањето на македонската држава и тука е соберено сѐ, ако кажеме го нема Илинден или дека е Илинден заеднички тоа значи да кажеме дека немаме држава или нашата држава е нечија туѓа, како што било во турско време или како што било во југословенско време, заклучува академик Манџуков.
Ние сме во сериозна ситуација, ние мораме да се избориме за држава. Народи на овој свет има многу, држави има малку. Многу народи, малку држави. Има народ, нема држава. Не им даваат едноставно.
– Она Заев што рече, сите ние сме еден народ. Еден народ, ама кој? Ајде нека каже дека сме македонци и нема проблем, вели академик Манџуков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.