Инцидентот кој го предизвика Себастијан Фетел на трката за Големата награда на Азербејџан ги развиори сите светски медиуми кои будно ги следат случувањата во мото спортот, а иако првично беа кажани навистина тешки зборови, популарниот Себ и Луис Хамилтон ова попладне одлучија да ги закопаат „воените секири“.
Ако првично Фетел го обвинуваше Хамилтон дека намерно му прикочил во моментите кога имаше безбедносно возило на патеката во Баку, сега Германецот одлучи комплетно да ја измени својата верзија, па како што беше случајот и во извештајот кој го испрати до ФИА, денеска јавно му се извини на својот колега од противничкиот табор.
– Тоа беше многу погрешен маневар од моја страна и многу погрешна одлука. Изреагирав преагресивно бидејќи мислев дека Хамилтон прикочи. Не сум горд на тоа што го направив, но не можам да го вратам времето назад. Знам дека многу погрешив. Веќе разговарав со Луис и му се извинив за тоа што го направив. Се надевам дека во иднина ќе гледаме позитивно на работите – истакна Фетел во пресрет на гран при викендот во Австрија, на што следеше одговор од Хамилтон кој го прифати извинувањето на Германецот.
– Го кажав тоа што го мислев по крајот на трката и тоа останува таму. Фетел ми се извини и јас го прифаќам тоа. Треба да гледаме напред и да го заборавиме ова – реплицираше Хамилтон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Избегнат поголем инцидент во скопска градинка: Извадиле пиштол и нож спремни за пресметка
-
Избегнат сериозен инцидент: Стотина полицајци се обидоа да се конфронтираат со #Бојкотирам, спречувајќи ги да протестираат пред Влада!
-
Инцидент на Тур де Франс, полициски солзавец ја прекина трката (ФОТО)
-
Инцидент на средбата Трамп-Путин (ВИДЕО)