| четврток, 6 декември 2018 |

Теодосиќ се сели преку барата, ќе игра две години за ЛА клиперс

Веќе нема никакви дилеми, Милош Теодосиќ по доминацијата на терените ширум Европа го прифати предизвикот наречен НБА. Лос Анџелес клиперс ќе биде новиот клуб на српскиот кошаркарски генијалец, откако Теодосиќ во последен момент го одби Чикаго и реши да им се приклучи на клиперси, менувајќи го на плејмејкерската позиција Крис Пол.

Американските медиуми вечерва објавија дека е постигнат договор за двогодишна соработка, за вкупна сума од 12,3 милиони долари. Воедно, Теодосиќ во преговорите се изборил да има можност по првата година да го раскине договорот и да се врати во Европа, доколку не е задоволен од случувањата во текот на сезоната.

Челниците на ЦСКА се свесни за големата загуба, па веќе се во потрага по нов врвен плејмејкер, при што на прво место на листата со желби на тренерот Итудис се наоѓа шпанскиот ас Серхио Родригез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top