| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Рицоли го обеси свирчето на клин

Еден од најдобрите фудбалски судии во последната деценија, Никола Рицоли, на 45 години ја заврши својата богата кариера.

Иако со Италијанскиот фудбалски сојуз имаше договор до 2018 година, искусниот арбитар одлучи да го остави фудбалското свирче и сега ќе биде дел од раководството на тамошната федерација.

Рицоли од 2002 година е дел од Серија А, додека на ФИФА листата беше дел од 2007 година. Во својата богата кариера беше главен судија на многу големи натпревари меѓу кои финалето на Светското првенство во Бразил (2014), како и финалето на Лигата на шампионите една година порано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top