| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел и Трамп разговараа за Северна Кореја, Блискиот Исток, Украина

Германскиот канцелар Ангела Меркел и американскиот претседател Доналд Трамп се сретнаа вечерва на маргините на самитот Г-20, кој почнува утре во Хамбург.

На средбата, која траеше околу еден час тие разговараа за глобалните закани, кои произлегуваат од ракетните проби на Северна Кореја, тензиите на Блискиот Исток, конфликтот во источна Украина и теми од самитот Г-20, изјави портпаролот на германската Влада.

Тој додаде дека двајцата лидери разговарале и за суштинските несогласувања, но не изнесе за кои теми станува збор.

На средбата учествувале и министрите за надворешни работи на Германија и САД, Зигмар Габриел и Рекс Тилерсон, американскиот министер за финансии Стивел Мнучин, ќерката на Трамп, Иванка и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер, и двајцата советници во Белата куќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top