| четврток, 6 декември 2018 |

Тенискиот свет се згрози од Томиќ: Ако Федерер ги врати парите, тогаш ќе ги вратам и јас!

Младиот австралиски тенисер, Бернард Томиќ, експресно беше елиминиран на Вимблдон, откако со 3-0 загуби од Германецот, Миша Зверев. По тешкиот пораз Томиќ на официјалната прес-конференција уште еднаш ја изненади тениската јавност со својата контроверзна изјава, во која рече дека во еден момент му било досадно на терен.

– Не се работи за повреда. Едноставно не можев да влезам во ритам, не знам зошто, но ментално не бев спремен. Да бидам искрен, дури и во моменти ми беше малку досадно на терен. На крајот пробав да го победам тоа, но беше залудно и доцна“, вели Томиќ кој на прашање на новинар дали планира да ги врати парите заработени од ова учество додаде: Па, ако Федерер ги врати 500. милиони и јас ќе ги вратам – одговори Томиќ.

На крај констатираше дека секој тенисер игра за пари, а не од љубов, што сигурно нема да наиде на позитивни критики од искрените вљубеници на тениската игра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top