| четврток, 6 декември 2018 |

Син претепал татко

tupanica nasilstvo

Дваесет и деветгодишен струмичанец го претепал татка си и ја демолирал куќата. Полицијата го уапсила, но не наведува поради кои причини струмичанецот го сторил неделото.

СВР Струмица јави дека поднеле кривична пријава за Г.Д.(29) од Струмица за кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство.

На 19 мај во семејната куќа, по претходна вербална расправија со неговиот татко, пријавениот физички го нападнал истиот, удирајќи го со тупаници во пределот на главата, од што му нанел видливи повреди, а потоа почнал да ја крши покуќнината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top