| четврток, 6 декември 2018 |

Падна на дно-Соња е скршена,ги изгуби и мажот и љубовникот!

Соња Вуксановиќ, сега веќе поранешна сопруга на популарниот пејач Аца Лукас, преживува вистинска драма, со оглед на тоа дека само за неколку дена доживеа низа скандали.

Со оглед на тоа дека веста за крахот на љубовта меѓу парот Вуксановиќ одекна со брзина на светлината, медиумите, јавноста, но и колегите на Аца, не престануваат да зборуваат за тоа. Уследи развод, со Лукасовите наводи дека долгогодишната сопатничка му спеткарела зад грбот, додека Соња не се огласуваше по повод тоа. Сепак иако од социјалните мрежи на сите им возвраќа со насмевка, Соња не ја поднела најдобро веста за новата романса на Лукас, дознава Ало.

 

-На Соња и е многу тешко. Не очекуваше дека Аца за толку кратко време ќе најде некоја друга, а камоли дека ќе ја престави на јавноста. Притоа Јариќ демантираше дека има било што со Соња и отиде со поранешната сопруга Адријана Лима на море. Тоа ја скрши. Без оглед на се, Соња никому не се поверува, бидејќи е свесна за ситуацијата во која се наоаѓа и дека на медиумите се им е лесно достапно. Лошо се чувствува заради се. Што и да се случи тие сепак беа семејство, минаа толку години години заедно и нормално е дека сето тоа ја заболе- изјавил извор упатен во целата приказна и додава дека Соња била изненадена од некои чекори на Лукас.

-Таа не очекуваше дека Аца ќе и упати јавно порака на социјалните мрежи. Тоа за неа беше вистински шок, а кога некако го преболе, дозна за Бранислава, неговата нова девојка. Овој период е многу болен за неа, па гледа да се насочи кон децата. Затоа и не се огласува додека се не се смири-објаснува изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top