| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот договор на Меси со Барселона е 40 милиони евра годишно?!

Лионел Меси долго време преговараше за нов договор со Барселона, за на крајот да издејствува заработка на неполни 160 милиони евра за претстојните четири сезони во дресот на каталонскиот гигант. Барса се пофали дека договорот е постигнат и ќе се потпише по враќањето на Меси во Шпанија, а каталонските медиуми ја објавија и сумата што Аргентинецот ќе ја заработува во следниот период, нецели 40 милиони евра по сезона.

Според досегашниот договор аргентинскиот ас заработуваше 22,8 милиони евра годишно, а новиот договор ќе му донесе на Меси извонредна плата од 39,4 милиони евра по сезона. Само за споредба, Кристијано Роналдо со новиот договор со Реал Мадрид стигна до нето-плата од 23,6 милиони евра по сезона, па јасно е дека Меси има многу причини за задоволство од завршницата на преговорите. Сепак, мора да се истакне дека Роналдо задржа значаен дел од приходите од сопствените имиџ-права, додека Меси речиси сите приходи од овој вид ги препушти на Барселона, со цел да добие што повисока загарантирана годишна заработувачка.

Отштетната клаузула во договорот е 300 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top