| четврток, 6 декември 2018 |

Сакраменто прави сериозен тим за следната сезона

Сакраменто кингс продолжува со засилувањата, во еден ден ги договори Зек Рендолф и Џорџ Хил. Двајцата кошаркари доаѓаат како слободни агенти, Рендолф по осум години ја напушта екипата на Мемфис, додека Јута џез се раздели со 31-годишниот плејмејкер по само една сезона.

Поранешниот кошаркар на Индијана стави потпис на тригодишрен договор со „кралевите“, вреден 57 милиони американски долари. Хил минатата сезона пристигна во Јута како дел од трејд меѓу три клубови, Џеф Тиг го презеде неговото место во Индијана, а од ова лето стана слободен агент. Со „џезерите“ го надмина својот личен просек, со 40 проценти успешност од шутот за три поени и рекордни 17 поени по натпревар.

Зек Рендолф ќе заработи 24 милиони американски долари во двегодишниот престој во Сакраменто. 35-годишниот ветеран го загуби своето место во петорката кај тренерот на Мемфис, Дејвид Физдејл, но и тоа не го спречи да допринесува за тимот. Со просечна минутажа од 24.5 минути, Зи-Бо имаше респектабилни 14 поени и 8 скока по натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top