| четврток, 6 декември 2018 |

Атрактивната гимнастичарка го растури бракот на Путин? (фото)

Веста за разводот на рускиот претседател Владимир Путин и неговата сопруга Људмила по цели 30 години минати во брак одекна како бомба во светската јавност, но ретко кого изненади во Русија. Веќе со години јавна тајна е дека Путин има љубовна врска со убавата поранешна гимнастичарка Алина Кабајева, но и исто толку време Путин е принуден да ги негира гласините.

Триесетгодишната Кабајева е една од најуспешните руски гимнастичарки со две олимписки злата и 14 титули светски првак, а денес е членка на партијата на Путин и заменик-претседател на државната Дума.

Во 2011 година се проширија гласини дека Кабајева му родила син, а на почетокот на годинава се појави уште една шпекулација дека покрај син, Путин и атрактивната гимнастичарка имаат и уште едно бебе – девојче. Алина и двете деца, наводно живееле во претседателското одморалиште во Сочи на брегот на Црно Море.

alina-puscau-zackery-hot-1622307381 alina_kabaeva003 alina_kabaeva005 alina-kabaeva-sexy Alina_Kabaeva_02_12 alina-kabaeva_weds_putin

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top