| четврток, 6 декември 2018 |

Настапи на Вимблдон во петтиот месец од бременоста!

Тенисерката од Луксембург, Менди Минела, призна дека играше на Вимблдон во петти месец од бременоста, а причина за тоа е одличната финансиска награда што турнирот ја доделува за учеството. Тенисерката од Луксембург загуби во првото коло од Италијанката Франческа Скијавоне со 6-1, 6-1, а по завршувањето на мечот ја шокираше јавноста со признанието дека е во петти месец од бременоста.

Таа дури е дел и од турнирот во двојки, каде игра во тандем со Летонката Анастасија Севастова.

Менди Минела за својот настап во првото коло заработи 35.000 фунти, а ќе добие и дополнителна сума за турнирот во игра на двојки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top