Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес откри како успеал да го спречи Франк Рибери да премине во Реал Мадрид, но во интервјуто кое го даде за „Кикер“, првиот човек на баварците го привлече вниманието и со изјавата која ја даде за актуелната тема во неговиот клуб.
Станува збор за најбараниот фудбалер од ростерот на баварците, Бразилецот Даглас Коста. Фудбалерот има огромни шанси да ја напушти „Алијанц арена“ во летниот преоден рок со оглед на малата минутажа која ја доби под водство на Карло Анчелоти.
Баерн пред две години го доведе Коста како големо засилување од Шахтјор и за него плати нешто повеќе од 30 милиони евра, а сега баварците порачуваат дека тој може да си замине само ако некој клуб плати 50 милиони евра.
– Ако некој ја плати сумата која Румениге ја бара за него, тогаш Даглас Коста ќе го промени клубот. Цената изнесува 50 милиони евра – истакнал Хенес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.