| четврток, 6 декември 2018 |

„Отело“ на „Скопско лето“ презакажана за 6 јули

Претставата „Отело“ на Турски театар-Скопје наместо вечер во рамки на „Скопско лето“ ќе биде изведена во четврток, 6 јули.  Турски театар соопшти дека изведбата се презакажува од технички причини.

Претставата викендов доби награда за најоригинално истражување на еден сегмент од театарскиот јазик на 44. Интернационален фестивал на алтернативен и нов театар „Инфант“ во Нови Сад.

Шекспировиот „Отело“ на Турски театар-Скопје е во режија на Дејан Пројковски. Улогите ги толкуваат Џенап Самет, Сузан Акбелге, Селпин Керим, Осман Али, Зубејде Али и Неат Али. Кореографијата е на Олга Панго, сценографијата на Татјана Христовска Блажевска, музиката на Горан Трајкоски, а костимографијата на Тања Кларис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top