| четврток, 6 декември 2018 |

Рома замената за Мохамед Салах ја бара во ПСЖ

Италијанскиот вицешампион Рома ја пронајде замена за Мохамед Салах и наскоро се очекува да потпише договор со фудбалерот на ПСЖ, Лукас Моура. Бразилецот пред четири години дојде во Париз од Сао Паоло за 40 милиони евра.

„Волчицата“ се очекува да инвестира голем дел од парите од Салах и да плати околу 30 милиони евра за Лукас Моура. Ако се пресели во Италија, потенцијалниот репрезентативец на Бразил ќе има скоро сигурно стандардно место во тимот, што не е случај во ПСЖ.

Моура во последните две години е без настан за бразилската репрезентација како последица на малиот број натпревари за францускиот вицешампион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top