Околу четириесет сандаци со пчели биле зафатени во пожарот кој денеска избувна во село Длабочица во Крива Паланка.
Пожарот го гаснеле две возила и тројца пожарникари.
– Гореа сандаци со пчели во кои имало пчелни семејства, но за среќа сите сандаци се заштитени. Сепак има многу угинати пчели кои излетале или биле околу кошниците, бидејќи пламенот од високата трева која гореше ги зафатил.Теренот беше непристапен, па мораше да се вклучи и теренско возило кое ги транспортираше пожарникарите. Пожарот е ликвидиран целосно околу 15 часот и 40 минути, изјави командирот на ТППЕ Иле Коцевски.
Во пожарот е зафатена површина од околу два декара, а увид извршила и екипа од Полициска станица од ОН Крива Паланка, која дополнително ќе ги утврдува причините за настанување на пожарот.
Ова е втор пожар изминатото деноноќие во кривопаланечко. Во претходниот, кој се случил по полноќ, изгоре декар борова шума.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


