Зоран Заев го подготовува теренот за промена на името на државата. Најавено е дека грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас ќе дојде во Македонија на крајот на август. Ова го објави амбасадорот на Македонија во Атина, Дарко Ангелов во интервју за грчки портал.
– Итноста за наше членство во НАТО доаѓа од фактот што ги исполнивме условите за членство, особено оние што се поврзани со техничките, воени критериуми. Следната година ќе бидат десет години откако сме во ова лимбо. Сепак, нашето членство во НАТО е прашање на политиката за поширокиот регион, политиката на стабилизација и испраќање на силен сигнал за сите во регионот и пошироко дека Балканот е тука за да биде и да остане стабилен. Затоа ние веруваме дека нашето членство во НАТО требаше да се случи одамна , не само за наше добро, туку и во интерес на просперитетот на регионот, а јас би се осмелил да кажам и за доброто на интересите на Грција – порачал Ангелов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.