Пластичните шишиња се едни од најкористените амбалажи на денешницата. Но, тоа може да содржи опасни хемикалии. Обратете внимание на знаците на дното од шишето. Овие нумерички знаци и скратени натписи покажуваат кои шишиња можат да се користат одново, а кои се за една употреба.
- Шишето кое е означено со број 1 и на неговото дно пишува (PET или PETE) е за една употреба. Кога ќе се изложи на воздух или високи температури, вклучувајќи сонце, ваквото шише испушта токсични субстанци кои доаѓаат во допир со водата во него.
- Избегнувајте ги и шишињата обележани со бројот 3 или 7 (PVC или PC) кои содржат отровни материи способни да допрат до вашата храна или пијалок, а преку тоа можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.
- Шишињата направени од полиетилен (под број 2 и 4 на сликата) или полипропилен (под број 5) се погодни за повеќекратна употреба. Тие се безбедни доколку ги полнете со студена вода и ги дезинфицирате.
Пластичните шишиња се погодни за размножување на бакетрии
- Пиењето вода од употребено пластично шише е речиси исто како да сте излижале ВЦ шоља или кучешка играчка. Бројот на бактерии во овие шишиња обично го надминуваат дозволениот лимит.
- Како да се заштитите?
Измијте ги шишињата со жешка вода и сапун, винска киселина или антибактериско средство за чистење уста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.