Автобус со македонски регистарски таблички изгорел денеска на делот од автопатот кај Јагодина. Повредени во пожарот нема, потврди Министерството за внатрешни работи на Србија.
Според српските медиуми, пожарникарите го изгаснале пожарот кој го оквалификувале како самозапалување, а сообраќајот на овој дел од автопатот е нормализиран. Патниците навреме го напуштиле автобусот и го продолжиле патувањето со друго возило, што значи дека нема повредени лица.
Автобусот се запалил изутрината на правецот кон Ниш, кај надвозникот за селото Кончарево и целосно изгорел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.