| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар во Анталија, загрозени туристички комплекси

Голем шумски пожар од вчера беснее во реонот на турскиот град Анталија, кој досега уништи неколку вили, оранжерии и плантажа со банани.

Како што објави електронското издание на весникот „Милиет“, во гаснењето на пожарот учествуваат поголем број противпожарни возила и хеликоптер.

Пожарникарите од утрово се обидуваат да го спречат ширењето на огнената стихија кон едно населено место, училиште и неколку вили во кои се сместени туристи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top