Случаите кои ги отвора Специјалното јавно обвинителство се строг политички процес, а тоа се покажа и со денешната одлука на Кривичниот суд. Дека она што го прави СЈО не правен процес се докажува низ фактот што досега Судот изрече мерки за претпазливост одземање на пасошите за сите случаи за кои одлучуваше, освен за функционерите на ДУИ, пратеникот Ејуп Алими и функционерот на дуи во ДИК, Исмет Гури.
-Предлогот на СЈО со НСК – КО.бр. 1/16 од 29.06.2017 година поврзан со предметот во јавноста познат како „Титаник“, за определување мерка притвор против Е.А. заради основано сомнение дека сторил кривично дело – Уништување на изборен материјал од член 164 ст.3 в.в ст.1 од КЗ, и И.Г. заради основано сомнение дека сториле кривично дело – Уништување на изборен материјал од член 164 ст.3 в.в ст.2 и ст.1 од КЗ, се одбива како неоснован, соопштија од Судот.
Ваквата селективност покажува дека Судот потклекнува на притисоците кои ги прават СДСМ и СЈО. Упатените прашуваат како е можно до сега да се изречат мерки за претпазливост на сите функционери кои се од ВМРО-ДПМНЕ, а да нема никаква мерка за единствените двајца кои се од ДУИ.
Ова значи дека јасната цел на селективната правда е само ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно СДСМ не сака да си ги расипе односите со ДУИ и на тој начин да ја загрози коалицијата. Досега од 5 случаи за кои Судот одлучувал, за 4 има изречено мерки на претпазливост, додека за петтиот каде има функционери на ДУИ, нема никакви мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.