| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Нападот на СЈО врз ВМРО-ДПМНЕ ќе трае се додека не се смени името, законот за јазици и не се редефинира државата

СЈО со една реченица го толкуваме како социјал демократско јавно обвинителство, СЈО се постави како политички орган на СДСМ кој што води политички процеси против лица од ВМРО ДПМНЕ, против судии, против новинари и против ДИК, изјави Антонио Милошески во вестите на телевизија Алфа.

-Задачата на СЈО е да го одвлекува вниманието од оној кој што вистински има проблем со законот, во случајот „поткуп“ на господинот Заев и другите политичари да ги претставува другите политичари во исто светло во јавноста како што го знаат Заев. Втората цел на социјал демократското јавно обвинителство е дека не е случајно да се дигне една чадна завеса во време кога се зборува за редефинирање на  државата, промена на името, законот за јазици и контроверзниот договор со Бугарија и за продажба на ЕЛЕМ. За сето тоа време СЈО сака да создаде де фокусирање на јавноста за да Заев и СДСМ ги испорачаат обврските кои што ги презеле и тоа не од гласачите, туку од друг налогодавец и на тој начин тие очекуваат дека со нападот кон ВМРО, ние да бидеме де фокусирани, но ние знаме што се случува имаме 51 пратеник во собранието имаме единственост, решителност и цврст настап и ќе одговориме на соодветен начин, истакна Милошоски.

Тој потенцираше дека задачата на СЈО нема да биде завршена се додека не се смени името на државата и СЈО ќе биде прогонителот на политичарите кои што ќе го попречат тој процес кој Заев се обврзал да го продаде за пониска цена. Второ СЈО додека Заев ја исполни обврската за редефинирање на државата и трето СЈО ќе создава вакви чадни завеси се додека Заев не добие пресуда за случајот поткуп дека е невин.

-Ние гледаме дека нема обвинет функционер од СДСМ, нема ниту од ДУИ, ДПА и сите политичари во државата како и Заев се еднакви на мајка Тереза и се безгрешни и само се грешни оние кои се од раководството на ВМРО-ДПМНЕ или се наши поддржувачи.  ДУИ во случајов е помошниот инструмент на СДСМ кои што треба да биде послушен и да гласа за владата на Заев, а за возврат да не добие обвиненија. Има истраги против 10 или 20 високи функционери на ДУИ, градоначалници, пратеници, но нема ниту едно обвинение затоа што се послушни, а од друга страна имаше и чувствителни прашања на изборите од страна на Заев кои што се чувствителни за Албанците и цело време се збореше дека тој има материјали за убиството кај смилковското езеро и за случајот „Сопот“ и ние знаеме дека истите ги имаат и Заев и Катица Јанева, рече Милошоски.

Како што вели Милошоски тие двајцата знаат дека тоа се работи за криминално дејствие, но и понатаму Заев манипулира со чувствата на Албанците и ги иритира дека за нив нема правда во Македонија и дека режимот неправедно некого осудил, а во исто време ниту Заев ниту Јанева не објавуваат ништо за случајот.  Ова е лицемерното лице на Заев кон Албанците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top