ВМРО-ДПМНЕ преку соопштението прашува како под наводна диктатура се заработуваат 5 стана во Скопје, по објавените информации во јавноста дека вицепремиерот Кочо Анѓушев тежи речиси 28 милиони евра. Во продолжение интегрално ви го пренесуваме соопштението на партијата.
Бидејќи вицепремиерот Кочо Анѓушев беше соопштено дека тежи речиси 28 милиони евра и е дел од владата на СДС која тврдеше дека постои наводен режим и диктатура, јавно ја прашуваме СДС и Заев:
Како под услови на наводен режим вицепремиерот на владата на СДС се стекна со капитал од 28 милиони евра лично богатство?
Како под наводна диктатура се заработуваат 5 стана во Скопје, деловни простории и куќа во Скопје, стан во Белград, куќа на Халкидики?
Очигледно допрва ќе излегуваат на мегдан лагите на милионерите на СДС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.