Воин Ражнатовиќ, син на Жељко Ражантовиќ Аркан од бракот со Наталија Мартиновиќ, планира да вплови во брачни води со својата девојка. Имено Воин ја запросил својата партнерка, а со фотографијата се пофали на Инстаграм.
Ражнатовиќ веќе некое време ужива во љубовта со една Србинка, која исто така живее во Америка. Воин е инаку голем верник, па така решил девојката да ја побара за жена на Видовден.
-Ништо поубаво од тоа да ја запросиш девојката на Видовден-напишал тој во опис на фотографијата која ја подели со следбениците.
Инаку Воин ја има шестгодишната ќерка Мија од врската со Кинескињата Барбара Вонг. Со неа одамна се раздели, а после неа имал неколку врски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.