| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија: Го донеле мртов во болница во Тетово

Трагедија ја потресе Македонија, околу 08 часот и 30 минути телефонски во СВР Тетово, од Клиничка болница Тетово било пријавено дека околу 08  часот кај нив бил донесен починат маж. Се работи за 34-годишниот Б.Б. од селото Шемшово.

Од страна на лекар констатирана е смрт без траги на насилство. Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.

Со согласност на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на семејството за погреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top