| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто невестата секогаш стои од левата страна на младоженецот?

Обичај е на денот на венчавката и за време на венчавањето, невестата да стои од левата страна на младоженецот. Дали знаете зошто е тоа така?

Оваа традиција потекнува од времето кога браковите биле договарани, а киднапирањата биле честа појава на венчавките. Поради тоа младоженецот постојано морал да биде на штрек, па невестата стоела од левата страна, затоа што мечот најчесто се носел на десната страна на појасот.

Обичајот се задржал до денешно време, а не е познато дали левучарите од тие дамнешни времиња морале да го почитуваат ова правило, без оглед што тоа „не им одело на рака“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top