Една жена е ранета откако во експлозија е разнесен автомобилот на шефот на атинскиот затвор „Коридалос“ во Атина.
На експлозијата ѝ претходеле два предупредувачи телефонски повика во телевизискиот канал „Антена 1“ и на веб-страницата Зунгла, во кои непознати лица изјавиле дека бомбата ќе експлодира за 20 минути.
Автомобилот е целосно оштетен. Експлозијата причинила материјална штета и на околните згради. Засега никој не ја презел одговорноста за експлозијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



