Деновиве започнaа подготовките за шестиот по ред турнир во мал фудбал „Скопје 2017“, кој се одржува во Спортскиот центар „Ново Лисиче“. Оваа година традиционалниот турнир ќе биде збогатен со нови содржини и програма, а со тоа и најдобро организирана манифестација од ваков вид во Македонија.
Деталите околу почетокот на турнирот и пријавувањето ќе бидат дополнително објавени во медиумите, информираат од општина Аеродром.
Турнирот го организираат Општина Аеродром, Град Скопје и Училишниот спортски клуб „Блаже Конески“, кои имаат обезбедено паричен награден фонд за победниците во висина од 300 илјади денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МОН и општина Аеродром го осудија инцидентот со фрлањето на девојче од прозорец
-
Граѓаните од Аеродром против бетонската џунгла: Осамнаа билборди со натписи Добредојдовте во зградодром, Марин го боли ДУП-Е за чист воздух…
-
Општина Аеродром: Нема да се сечат дрвја на „Коста Новаковиќ“, но улицата ќе се обнови
-
Петиција за продолжување на проектот бесплатни училишни униформи за основците во Аеродром