Тироидната жлезда ја контролира активноста на метаболизмот, па нејзиното нарушување може да влијае да имате висок крвен притисок, оштетување на срцето, како и појавата на депресија. Експертите тврдат дека секоја петта жена во еден период од животот се среќава со нарушување на работата на тироидната жлезда.
Со зголемувањето на нивото на хормонот од оваа жлезда се јавува забрзан пулс, напади и палпитации, чест запек, пореметување во спиењето и слабеење. При намалено лачење на хормонот следат дебелината и чувство на студ односно лоша циркулација.
Овој едноставен трик може да открие нешто важно за здравјето: Затворете ги очи. Испружете ги рацете со дланките нагоре. Прашајте некој да ви стави лист хартија врз нив. Ако хартијата почне да трепери силно врз прстите, би требало да посетите лекар. Неопходно е да се направи анализа на крвта и да определи нивото на хормоните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.