
Во 18 месеци работа покажаа едно. Дека „Вујаклија“ постојано им е отворен на буквата „Т“ и дека имаат многу, многу фантазија. Малку болна, но, сепак, фантазија. Само за потсетување, зброуваме за недоветните и без трошка докази во себе „Титаник“, „Тврдина“, „Тенк“, ТНТ“, „Тортура“, „Транспортер“, „Тифани“, „Тотал“, „Триста“, „Табла“, „Трезор“, „Топлик“, „Тендери“, „Таргет“, „Тенк“, „Тарифа“, „Труст“, „Талир“, „Траекторија“ и „Тревник“… И така не е битно името, сите се против ВМРО-ДПМНЕ, што очигледно и беше целта на непрокопсаните називи. Генерализација, нејсе што е темелена на пусти индиции…
Не дека за една и пол година не покажаа и одредени квалитети. Можеби не правнички, но презентираа дузина други афинитети. Фатиме Фетаи јасно и недвосмислено ѝ демонстрираше на македонската јавност дека има неостварена, силна и огромна желба да биде актерка. И подобро што не била, бидејќи со катастрофалниот талент ќе ги засенела дури и Ристиќ и Тасевски.
Катица, пак, освен афинитетот кон смокварството и становите, покажа дека има огромна желба да научи да чита. Некогаш, кога ќе го совлада и овој тежок чин, можеби и ќе успее да ги прочита и научи толку потребните закони.
Улогата на Ленче Ристовска за многумина останува мистерија, но вистината е дека „чадорот“, кој им ја наметна играта со „Т“, холивудските циркусантски прес-конференции и омаловажувачкиот однос кон вистинските институции, неа ја наметна како ублажување за „способноста“, стилот и ликот и делото на Јанева. Класичен контраст или дигресија – каде да гледаат граѓаните при јавните настапи, со што би ѝ дала поголем простор и слобода на Катица. Колку понезабележителна и понеистакната, толку подобро за извршување на глупостите. Во сенка…
8 милиони во ветер, ама ветер во едрата на СДСМ
За овие 18 месеци, кои набргу завршуваат, СЈО потроши неверојатни осум милиони евра. Народни пари, дадени во ветер, но не кој било, туку ветер што заврши во едрата на СДСМ. Нејсе што сѐ им се темели на индиции и за толку многу време не изградија ниту едно цврсто обвинение, но за дел од парите Јанева не мислеше дека е потребно ни да даде отчет пред Собранието, кое ги изгласа. Настрана што не го ни признаваат. Чекаа ли да дојде спикерот Талат за полесно да ги оправдаат? Да, новото „мнозинство“ создадено од машата на „чадорот“ преку предизборниот и постизборниот инженеринг, нема да има никаков проблем да ги оправда трошоците на Јанева. Колку и да се неоправдани и недоветни. Па што ако вработила дузина напатени и невработени социјалдемократски професионални плукачи и извртувачи, кои изминатите десетина години беа максимално внесени во девалвацијата на актуелната власт? Па и така тоа беше примарната целта на СЈО и затоа овие ликови толку добро се вклопија во пародијата. Очигледно, не е лесно да се биде спасителка на спасител од Муртино, макар и самонаречен. Останува само едно прашање, која ќе биде наградата за „претргнатото“ и за целата таа мака со измислување криминал?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


