Според пресметките на СДС од пред изборите кои ги користеа во нивните изјави, новата “реформска” Влада ги задолжи граѓаните на Република Македонија 33,252,000 евра. Владата на Заев ако продолжи така секој месец за една година ќе ги задолжи граѓаните околу 400,000,000 евра, а за 4 години мандат граѓаните ќе бидат задолжени околу 1.600,000,000 евра. Ова ќе значи крах за државата, изјави денес Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение интегрален текст од изјавата на Цуклев:
СДС изминатите години им се закануваше на банките дека нема да им бидат признаени државните хартии од вредност што ги купуваат од министерството за финансии, денеска Тевдовски и СДС на истите тие банки им ги нудат државните хартии од вредност.
Но, она што е важно е дека СДС говореше пред изборите дека веднаш штом дојде на власт ќе го запре задолжувањето на земјата, а не дека ќе го продолжи планот за задолжување на претходната влада, како што сега се обидува да се оправда Тевдовски.
Зошто пред изборите Тевдовски и СДС не им соопштеа на граѓаните дека планираат да го продолжат планот на задолжување на претходната власт? Дали тоа уште еднаш потврдува дека монетарната и економската политика на ВМРО-ДПМНЕ била цврста и стабилна, а СДС со своите изјави ги манипулираше граѓаните?
На манипулациите на СДС им нема крај. Тоа е одраз на нивното работење и владеење со неискрен и манипулативен однос кон граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.