Британецот Роберт Модсли (64), озлоглениот сериски убиец уште познат како „Ханибал Канибал”, веќе 39 години седи во кафез од непробојно стакло.
Тој е во самица поради убиство на четири лица, вклучувајќи и тројца затвореници.
Тој 23 часа дневно минува во кафез од непробојно стакло, во кој има мебел од компресуван картон. Оваа ќелија била направена посебно за него, кога во 1983. година и официјално бил прогласен за најопасен затвореник во Британија.
Прва жртва му бил извесен Џон Фарел, за кого тврди дека му покажал фотографии од деца кои ги злоставувал. Го убил во 1973. година и потоа бил осуден на доживотен затвор, меѓутоа, преместен во психијатриска болница.
Четири години подоцна, Модсли со уште еден затвореник, земал еден педофил како заложник, и го мачеле до смрт 9 часа. Кога чуварите конечно успеале да влезат во ќелијата, на жртвата и недостасувал дел од мозокот. Така овој убиец го добил својот прекар.
По тоа злосторство, префрлен бил во затворот Вејфилд. По само три седмици, убил две лица во ист ден. На стражарите мирно им кажал: “Ќе ви фалат двајца на пребројувањето”.
Модсли се смета за еден од најозлогласените затвореници на денешницата во Велика Британија. Во текот на денот, дозволено му е да вежба еден час, а го чуваат шест стражари.
И додека тамошните медиуми пренесуваат дека овој убиец минал 64 години во затвор, многу читатели сметаат дека еден таков човек не треба толку долго да живее на сметка на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Крвава пресметка: Убиен е адвокатот на убиецот на Аркан, повреден е и неговиот син!
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре
-
Осомничениот за убиството на новинарката Маринова ќе биде екстрадиран во Бугарија
-
Уапсен убиецот кој изврши масакр во Албанија: Убил осум роднини, меѓу кои жени и деца