Во 20.52 во Охрид е почувствуван уште еден земјотрес. Според првичните информации, тој бил со јачина од 3.3 степени според Рихтер, a eпицентарот бил на 6 километри од Охрид. Земјотресот бил на длабочина од 6 километри.
Претходно земјотрес беше почувствуван во 13.29 часот со јачина од 2.6 степени, со епицентар кај Косел, охридско, а повеќе земјотреси со послаб интензитет беа регистрирани и во текот на минатата ноќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.