| четврток, 6 декември 2018 |

Билансот на жртвите во лондонскиот пожар нема да биде конечен до крајот на годинава

Конечниот биланс на загинатите во катастрофалниот пожар во лондонската станбена повеќекатница „Гренфил Тауер“ нема да може да биде познат „барем до крајот на оваа година“, соопшти денеска британската полиција.

Последниот официјален податок е дека во големиот пожар што ја зафати целата 24 катница, настрадале 80 нејзини станари. Најголем број од жртвите биле на 23. кат на облакодерот, во кој имаше 129 станови.

„Вистинскиот биланс од оваа трагедија ќе може да се знае кога ќе заврши истрагата и расчистувањето на целиот објект“, изјави главниот инспектор на полицијата Фиона Мек Кормак. Таа призна дека и сегашните потврдени 80 жртви ­ загинати, или исчезнати­ се само претпоставена бројка за билансот од пожарот.

Според Мек Кормак, некои од станарите се обидувале да се извлечат од зградата, бегајќи низ скалите надолу од пламените оган, но дека е можно и да останале заробени и да настрадале во текот на бегството. ­

– Може да се случи посмртните останки на дел од станарите во зградата и никогаш да не бидат пронајдени, изјави инспекторот Фиона Мек Кормак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top