Најмалку 15 лица загинаа при напад со касетни бомби врз село во источниот дел на Сирија, кое е под контрола на Исламска држава. Две сириски набљудувачки организации, „Дејр ал Зур 24“ и „Право за живот“ соопштија дека бомбите биле фрлени врз селото Доблан од неидентификуван авион.
Во тој реон дејствува воената авијација на Русија, на Сирија и на коалицијата предводена од САД. Директорот на „Дејр ал Зур 24“, Омар Абу Лајла изјави дека во селото се откриени 15 безживотни тела, меѓу кои и на жени и деца.
Тој посочи дека локалните жители стравуваат дека бројот на жртвите е поголем. Али Рахбе од „Правда за живот“ посочи дека локалните жители преброиле најмалку 35 загинати лица во селото кое се наоѓа меѓу упориштата на ИД, Мајдин и Букамал.
Во меѓувреме Сириската опсерваторија за човекови права наведе дека според првичните информаци во селото Доблан загинале 30 луѓе во нападот со касетни бомби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.