| четврток, 6 декември 2018 |

Нагаѓањето не престанува-дали првата дама на САД е бремена?

Фотографиите од Меланија Трамп, направени вчера во Вашингтон, при посетата на премиерот на Индија на Белата куќа, покажаа еден неверојатен детал: стомачето на првата дама кое повторно ги „подгреа“ гласините дека сопругата на американскиот претседател е во блажена состојба.

Стомачето е невозможно да не се забележи. Жолто – црниот фустан кој го носела Меланија дополнително го нагласило. Имајќи го во предвид имиџот кој го негува првата дама на Америка и грижата која му ја посветува на својот изглед, тешко е да се поверува дека госпоѓа Трамп би си дозволила себеси да се појави во јавноста со вакво стомаче.

Внимателната Меланија со своето големо модно познавање веднаш би пронашла облека која би го замаскирала секој вишок. Се забележува и дека првата дама на САД се појавила во фустан кој „одговара на бременост“.

Или убавата Меланија е бремена или накачила некој вишок на килограми? Во последните неколку дена, многу гласини одат во прилог на првото.

Сомнежите ги зголемуваат и промените во однесувањето на Доналд Трамп кон својата сопруга. Имено, американскиот претседател одеднаш станал исклучителен џентлмен. Можеби на тоа го навеле и острите критики за невниманието кон Меланија кое го прикажуваше во јавноста во изминатите месеци, гласините дека се разведуваат, а можеби и нејзината наводна бременост.

Инаку, Меланија и Доналд заедно го имаат синот Барон (12) кој воопшто не го сака медиумското внимание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top