| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно се тресеше тлото во охридско

Утрово во 3 часот и 52 минути е регистриран земјотрес во охридско кој според Рихтерова локална магнитуда бил 2.9 степени.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 28.6.2017 год., регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓаат во охридското епицентрално подрачје.

Земјотресот се случи во 3 часот и 52 минути со Рихтерова локална магнитуда 2.9. Според досегашните податоци, со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III-IV степени според Европската Макросеизмичка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top