| четврток, 6 декември 2018 |

Хасани до Макрадули и СДСМ: Треба да му се извините на турскиот народ и претседателот Ердоган

Не можам да разберам зошто владеачкото мнозинство не штеди на навреди кога е во прашање Турскиот народ и претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган, напиша на Фејсбук Јусуф Хасани од Демократската партија на Турците.
Оваа реакција на Хасани уследи откако заменик министерот за животна средина од, Јани Макрадули упати силна навреда до Турците и до турскиот претседател Реџеп Ердоган за Рамазан Бајрам.

Преку Фејсбук Макрадули даде отворена поддршка и согласување со постот на Ивор Мицковски, екс шеф на центарот за комуникации на СДСМ каде што на Турците и на турскиот претседател Ердоган им порачуваат:„Е стварно сте мајмуни“
„Не можам да разберам зошто владеачкото мнозинство не штеди на навреди кога е во прашање Турскиот народ и претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган.
Треба да сфатите еднаш засекогаш дека Ердоган е најголем пријател на Македонија и лидер кој успеа да ја врати својата земја во лидерска позиција не само во регионот, туку и пошироко. Не можам да разберам лидер на една земја која последните неколку години контуинирано е најголема донаторска држава во светот, со што заслужи да се нарекува “мајмун”. Изгледа сакате да го изгубите и единствениот поддржувач на Македонија во НАТО и тоа без уценувања и потценувања.
Се сеќаваме и на 15 јули и на вашите коментари слични на овие за време на обидот за пуч во Турција. Не можам да ве разберам, како си дозволувате како “еволуционирани демократи” да ја навредувате една цела нација која е дел о нашето заедничко општество, и претседател на најголемата пријателска држава кој е избран на демократски избори. Мислам дека треба да се извинете на Турскиот народ и претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган, и тоа без задоцнување.“, се вели во неговиот пост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top