Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека меѓународните набљудувачи „треба да си го знаат своето место“, како одговор на критиките дека референдумот во државата не бил согласно меѓународните стандарди.
Обраќајќи се на свои приврзаници во Анкара, тој рече дека за Турција нема да е од големо значење ако Европската унија ги прекине преговорите со неа за членство.
– Ако е неопходно Турција ќе организира референдум за прекин на преговорите за членство во Европската унија, изјави Едроган.
Тој нагласи дека вчерашното гласање на референдумот ставило крај на дебатите за промени во Уставот и значи воведување претседателска република. Според него, извршувањето на реформите ќе почне со судскиот систем.
Ердоган додаде дека државата не ги признава извештаите на набљудувачката мисија на ОБСЕ укажувајќи дека дел во ЕУ се против уставни промени во Турција повеќе отколку опозицијата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.