Иван Ѓурин, син на поранешниот српски амбасадор во Македонија Томислав Ѓурин е уапсен во Белград заради подметнување пожар, јавуваат медиумите. Тој ја запалил влезната врата на фирма каде директор е неговиот зет. Тој вчера попладне со кола дошол до магацинот за царинска стока на позната германска компанија, ја потурил со бензин и ја запалило влезната врата.
Во брзата реакција на полицијата тој бил уапсен и одреден му е притвор. Мотивот за палењето не е познат, но се претпоставува дека се работи за кавгата во која тој и зетот се подолго време.
Ѓурин е син на поранешниот српски амбасадор во Македонија Томислав, кого во 2012 година е отповикан од поранешниот претседател на Србија Томислав Николиќ. Тој сега работи во српското МНР.
Неодамна повторно се најде во медиумите, како рецензент на книгата на Драган Филиповиќ, некогашнбиот советник на Радован Караѓиќ. Во книгата тој со пофални зборови пишува за убијците на премиерот Зоран Ѓинѓиќ и за Слободан Милошевиќ.
Ѓурин тоа го демантираше, тврдејќи дека неговото име како рецензент било додадено без негово знаење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.