Во петокот погребан беше популарниот српски актер, Богољуб Митиќ – Ѓоша, а неговите сограѓани од родното место на глумецот веќе покренале иницијатива да се именува улица и да се крене споменик во негова чест.
Се работи за Власотинце, мало место во близина на Лесковац, чии жители многу скоро ќе ја поднесат иницијативата до локалните власти кои ќе побараат главната улица во населеното место да го носи името на скоро починатиот актер.
– Беше наша гордост. Си замина премлад. Секаде не претставуваше на најдобар можен начин и имаше само пофални зборови за Власотинце. Ни беше мерак кога не споменуваше во емисиите каде гостуваше. Ќе бараме главната улица да го носи неговто име. Тоа е најмалку што може да направиме за да не се заборави неговто дело, изјавил еден од негвоите соседи кој додал дека планираат и споменик за Ѓоша.
Освен оваа иницијативе во Власотинце, една приватна продукција веќе најавила дека ќе снима филм за живото на актерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.