К.Г. (55) вчера во 20,15 часот бил пронајден мртов во неговиот стан на улицата Стојан Гологанов во Штип.
Засега нема информации за причините за смртта на штипјанецот, која била констатирана од страна на лекар.
Јавен обвинител, лекар патолог и екипа на СВР Штип извршиле увид на местото, а по наредба на јавниот обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.