| четврток, 6 декември 2018 |

Пак гори депонијата кај Струга

Попладнево повторно се активирал пожарот во депонијата кај Стругa, објави „Алсат М“.

Пожарот избувнал пред 14 часот и во моментов гори југозападната страна на депонијата, а на теренот може да се забележи како пламените јазици со гаснат со по една цистерна со вода.

Црни облаци чад се надвиснуваат над Струга, се шири непријатна миризба, а дува и ветер. Поради тоа чадот забрзано се шири кон градот и околните села.

Ова ново активирање на пожарот доаѓа само една недела откако беше преземена акција за гаснење на претходниот пожар и откако депонијата беше покривана со земја и песок за да се спречат нови вакви непогоди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top