| четврток, 6 декември 2018 |

Тлото уште не мирува: Можно е да следат еден или два помали, но може да има и еден поголем

Михаил Гаревски, директорот на Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија (ИЗИИС) можно е во следниот период да има еден или два помали, но и еден поголем земјотрес.

Денеска попладне беше регистриран земјотресот во охридскиот регион во 13 часот и 45 минути и тој е шестиот по ред земјотрес во последните два дена во овој крај. Првично беше соопштено дека земјотресот бил со јачина од 3,7 степени, но подоцна од Сеизмолошката опсерваторија објавија дека бил со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала.

– Слушнав дека имало потреси во Охрид. И ова е најсилен  потрес до сега во овој регион. Но, јас не сум во земјава, потенцирам, не сум тука за да можам да видам што се случува и да кажам што би можеле да очекуваме. Ова е сигурно сега е некоја релаксација на земјиното тло. Според мене може да следат еден, два помали земјотреси, па да се смири тлото, но може да има и еден поголем – објаснува Гаревски.

Епицентарот на последниот земјотрес беше на 5 километри северо-западно од Ресен на длабочина од 10 километри.

Во 1 часот и 2 минути по полноќ беше почувствуван земјотрес во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од 3,3 степени според Европската Макросеизмичка Скала, по кој следуваа уште два со јачина од 2,4 и 2,7 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top