Со вечерашната изведба на претставата „Приказните на заборавените предци“ на НТ Слојштица ќе биде спуштена фестивалската завеса на четвртото по ред издание на Интернационалниот фестивал на комедијата „Гола месечина“, во организација на Театар Комедија, а со поддршка на Општина Аеродром и Министерството за култура на РМ.
Оваа претстава е надвор од натпреварувачкиот дел, односно е во чест на добитниците на наградите во категориите – најдобар актер/актерка, најдобра режија и најдобра претстава, а за кои решаваше трочлена жири-комисија во состав: Лилјана Мазова, претседател, Павле Пекиќ (Србија) и Петре Темелковски.
Според одлуката на жирито на „Гола месечина“ наградите годинава одат во рацете на:
1..Наградата за најдобра машка улога му се доделува на Михаил С`рвански за ликот на Блант во претставата „Лажговци во неволја“ на Театарот на сатира „Алеко Константинов“ од Софија, Бугарија, за возбудливата игра во текот на целото дејствие, при што на остава траен белег на врвно актерско остварување.
2.Наградата за најдобра женка улога и се доделува на Слаѓана Зрниќ за ликот на Гина во претставата „Нажалена фамилија“ на Народниот театар од Република Српска, Бања Лука, Босна и Херцеговина за беспрекорното владеење со атмосферата на одличниот концепт на режисерот Никола Пејаковиќ.
3.Наградата за најдобра режија му се доделува на Срѓан Јаниќијевиќ за претставата „Силјан штркот шанца“ на Македонскиот народен театар, од Скопје, Македонија. Врз текстот на Дејан Дуковски, Јанаќијевиќ гради концепт на исклучително модерен истражувачки процес во сите сегменти на актуелноста на вечната тема – колку и дали забораваме да бидеме и деца, да играме и да танцуваме.
Наградата Гран при за најдобра претстава се доделува на
„Аналфабет“ на Театарот при НУЦК „Григор Прличев“ од Охрид, Македонија, за извонредната хомогена игра на сите учесници, а посебно на тројката – Горан Стојаноски, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. Според текстот „Аналфабет“ на Бранислав Нушиќ, претставата ги отвора сите актуелни теми, односно „ликови на власта“, на човекот на кој кога ќе му дадеш функција ќе ја видиш неговата изопаченост.
„Гола месечина“ почна на 19 јуни, а на сцената на СЦ „Ново Лисиче“ присутните имаа можност да видат вкупно 7 претстави: „Лажговци во неволја“ од Сатиричен театар Софија, „Атена со пенис“ на Драмски театар, „Нажалена фамилија“ на театарот од Бања Лука, „Бегај еве ја жена ти“ од Кумановски театар, „Силјан Штркот шанца“ на МНТ, „Аналфабет“ на Охридски театар и „Приказните на заборавените предци“ за крај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Македонија на театарскиот фестивал „Долгопрудненска есен 2019“, Русија