Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјавил дека се чувстввуа добро откако кратко му се слошило на утринската молитва во џамијата „Мимар Симан“ во Истанбул. На претседателот му била укажамна помош откако „кратко му се слошило“, а некои медиуми во Турција тврдат дека и изгубил свест, иако тоа се уште не е потврдено. Ердоган изјавил дека имал проблем со притисокот поради нерамнотежа на шеќерот во крвта поради рамазанскиот пост.
– Му благодарам на бога, брзо се средив и се чувстввуам добро и ќе продолжам со програмата, рекол Ердоган.
Попладнево ќе присуствува на церемонијата што ја органзира неговата партија по повод завршувањето на светиот месец Рамазан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов го честита Рамазан-Бајрам: Дозволете ми овој ден да повикам на слога и заедништво
-
Мицкоски со честитка за Бајрам: Почитувањето на верската различност е од особен интерес на сите граѓани и иднината на Македонија
-
Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
-
Надзорен одбор повикува на донации за изградба на џамија во Ѓорче Петров, Општината негира (видео)