Децата се огледало на родителите и затоа е важно тие да внимаваат каков пример даваат во секојдневнието. Ако забележете дека Вашето дете лошо се однесува, запрашајте се дали можеби Вие сте дале лош пример.
Еве кои лоши однесувања се учат од родителите според Дејвил Вулф.
Преголема зависност – родителите знаат да бидат премногу заштитнички настроени, но тоа придонесува да бидат премногу зависни од нив, а со текот на времето и од другите. Ако постојано има кој да им ги решава проблемите тие ќе продолжат да бараат личност која ќе може да прави истото за нив цел живот.
Прекинуваат – ако родителите имаат склоност да им упаѓаат на другите во зборот, и децата ќе го прават истото. Треба да им се остави простор на другите да се доискажат, а децата ова треба да го научат како една од најважните лекции за култура при комуникација.
Непочитување на возрасни – ќе има моменти кога некој друг ќе го чува Вашето дете: роднини, бебиситерка, пријатели. Ако не се трудите да го воспитате да Ве почитува Вам, тоа нема да го направи ни на другите. Со тоа создавате лоша слика за себе пред другите.
Претерано споделување на приватноста – децата од најмала возраст учат да споделуваат приватни работи со други. Родителот има за задача да го научи што треба да остане дома, а што може да се изнесе во јавноста. Во спротивно и Вашата приватност е изложена на ризик да биде откриена пред оние што не сакате да знаат многу за Вас.
Извор: Факултети
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.