Пет лица се уапсени во реонот на турско-сириската граница под сомнение дека подготвувале бомбашки самоубиствени напади, се наведува во денешното соопштение на гувернерот на турскиот јужен округ Хатај.
– Пет напаѓачи од Сирија се испратени во нашата земја за да извршат самоубиствени бомбашки напади. Тие се упасени во вчерашната операција, пред да стигнат до централниот дел на Хатај, се посочува во соопштението.
Двајца од уапсените на себе имале појаси со експлозив, кои биле деактивирани.
Тројца од уапсените се државјани на Сирија, а другите двајца се Турци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.